Му се распадна и четвртиот брак на Борис Новковиќ, со најсексапилната Хрватка

 

Музичарот Борис Новковиќ (52) откри дека повеќе не е со загрепската манекенка Ирис Волф (27), пишува Gloria.hr. Тие се венчаа пред година и пол, а набргу потоа добија и принова во семејството, девојче што го нарекоа Си, пренесува 24сата.хр.

Кога во ноември 2018 година се дозна дека Борис очекува дете со студентката по моден дизајн и „Најсексапилната Хрватка“ во 2015 година, тие истакнаа дека и двајцата го посакувале тоа.

– Вистина е, Ирис и јас ќе станеме родители  – рекол тогаш пејачот.

Двојката е во врска од пролетта 2018 година, а поради разликата во годините, јавноста не им предвидуваше светла иднина од самиот почеток. Имено, Борис е постар од Ирис 25 години. На почетокот тие се појавува заедно на јавните настани, а и самата Ирис на социјалните мрежи потврди дека се во врска.

– Ирис и јас не сме формалисти и не робуваме од социјалните скрупули, но тајно ја легализиравме нашата врска во кругот на нашите родители пред еден месец. Ирис е Новковиќ од тогаш – пејачот признала на 24сата.хр во април 2019 година.

Пред бракот со Ирис, му се распаднале три брака.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2020 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега