На Велика Британија и се заканува една од најголемите бури во историјата

Во раните утрински часови делови од Велика Британија, ќе бидат погодени од силно невреме проследено со урагански ветрови и поројни дождови. Се очекува да се случи една од најголемите бури кои што ќе се појават во последните децении во ова подрачје. Вертрот би можел да достигне и брзина од неверојатни 130 километри на час во периодот од шест до девет часа. Се очекува и да падне дожд од 40 милиметри. Стручните лица предупредуваат на опасност од поплави, излевање на реки, канали во некои делови од Велс и Англија. Ќе има оштетени згради, искорнати дрвја и пореметување во сообраќајот. Голем дел од популацијата ќе остане без електрична струја. 

Најголемиот лондонски и британски аеродром Хитроу, синоќа најави дека ќе има пореметување во редот на летањето,поради редуцирањето на полетувањето и слетувањето во Лондон,како последица на силните ветрови. Неколку железнички компании најавија дека ќе има измени во возниот ред кај утринските возови,додека компанијата „Евростар“ соопшти дека ќе откаже некои од утринските возови,што во тоа време тргнуваат од Лондон кон Париз и Брисел.

Силната бура што е создадена над Атлантикот,а британските острови ќе ги погоди движејќи се од југозапад кон североистокот,главнината на ударот треба да ја има врз реони на Велс,Лондон,источен и западен Мидлендс,како и југозападот и целиот источен дел од Англија.

 

28.10.2013 - 09:17

најчитано сега