Извештајот на ЕК денеска пред неколку собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Националниот совет за евроинтеграции и комисиите за европски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците и комитетот за односи меѓу заедниците.

Извештајот на Европската комисија за напредокот на република Македонија за 2013 година е единствената точка по која ќе се дискутира на седниците на Националниот совет за евроинтеграции и на собраниските комисии. По истата точка, со посебен осврт на делот  за човекови права и заштита на малцинствата и заклучоците на Стратегијата за проширување и главните предизвици за 2013-2014 година кои се однесуваат на Република Македонија ќе расправа и комистетот за односи меѓу заедниците

28.10.2013 - 08:46