Пресврт во случајот „Синиот ангел“

Бугарското семејство Русев, чие дете е пронајдено во Грција во една ромска населба, вчера побарало да им биде вратена четиригодишната Марија Русев.
Постарата сестра на МАрија, КАтија Русеа вели дека се нестрпливи да го видат русокосото девојче назад во бугарското село Николаево.
 
Катија вели дека се плаши дека социјалната служба ќе им ја земе Марија по нејзиното враќање во Бугарија. Таа вели дека е загрижена што нивните родители Саша и Атанас Русеви, кои се осомничени за продажба на бебето, во петокот исчезнале од Николаево заедно со уште три русокоси дечиња. 
 
 Катија тврди дека нејзината мајка никогаш не би продала свое дете за пари, додека мајката Саша, неодамна рече дека пред четири години, додека во Грција работела како берач на маслинки, родила девојче од кое била принудена да се откаже бидејќи била пресиромашна.
 
Четиригодишната Марија е сместена во привремен дом, откако минатата недела полицијата ја пронајде во една ромска населба. Ромскиот пар со кој живеело девојчето, се обвинети за киднапирање и чекаат судење. Тие тврдат дека мајката на девојчето, бугарска Ромка, им го поверила детето бидејќи не можела да се грижи за него.

 

 

27.10.2013 - 15:22