Трагедија: Се обесила бидејќи родителите и забраниле да се вклучува на Фејсбук

Тинејџерка од Индија си го одзела животот бидејќи родителите и забраниле да ја користи социјалната мрежа Фејсбук.

17 годишната Аишварија Дахивал од Индија, се скарала со своите родители бидејќи поминувала предолго време на компјутер и зборувајќи на телефон, па тие и забраниле да го користи Фејсбукот.

Средношколката оставилна проштална порака во која вели дека не може да живее без Фејсбук и се обесила.

Таткото на девојчето изјавил дека е во шок и дека никогаш не помислил дека неговата ќерка е подготвена на самоубиство поради Фејсбук, пренесува Дејли мејл.

 

27.10.2013 - 14:13

најчитано сега