Десет години без најдобриот пријател: Игор Џамбазов не го прежали Бошко
Многумина сигурно се сеќаваат на Бошко – кучето од расата пинч кое беше најдобриот пријател на нашиот шоумен Игор Џамбазов, а тој знеше да го нарече и абортиран доберман.
Бошко како и својот газда беше славен и се појавуваше пред камери, знаеше како да се однесува на снимања и беше неразделен од својот сопственик кој секогаш го носеше во рацете.
Поминаа десет години откако Игор и Бошко повеќе не се заедно, а Џамбазов на Инстаграм објави фотографија со својот непрежален миленик и напиша:
– На денешен ден пред 10 години, засекогаш си заспа Бошко Џамбазов, кучето што живееше како човек…
View this post on InstagramНа денешен ден пред 10 години, засекогаш си заспа Бошко Џамбазов, кучето што живееше како човек...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа