Двајца другари се борат за живот на скопскиот Ургентен - страшна сообраќајка кај Делчево

Две млади момчиња заработија тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која вчера се случила на патот меѓу Берово и Делчево.

 

Сообраќајката се случила кај местото викано Сепарациа, кога од засега непознати причини се превртел автомобилот „Опел Астра“, зад чиј волан бил 24 годишниот виничанец М.В.

Автомобилот завршил крај коловозот, а возачот и неговиот сопатник, 25 годишниот Д.П. од Македонска Каменица заработиле тешки телесни повреди и биле пренесени во Здравствениот дом во Делчево. Поради сериозноста на повредите, момчињата биле пренесени во скопскиот Ургентен центар.

Во „Астрата“ патувал и С.А. од виничко Трсино, но, тој поминал без повреди.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.

27.10.2013 - 12:36

најчитано сега