Нови вести од Исланд во врска со коронавирусот: Ова истражување може да има големо влијае на понатамошниот тек на пандемијата
Нивото на антитела кон вирусот корона се зголеми, а потоа остана на истото ниво до четири месеци кај над 90 проценти од пациентите во Исланд излекувани од КОВИД-19, според студијата објавена во Џурнли Ингланд журнал за медицина.
Во претходните студии, нивото на антитела кон коронавирусот значително опаднале во рок од неколку месеци откако се излечиле од КОВИД-19, што отвори прашања за времетраењето на имунитетот кај луѓето кои веќе биле заразени.
Студија спроведена од „Декод генетика“ може да има значителни импликации врз ризикот од реинфекција и издржливоста на вакцината, пренесува Ројтерс.
Истражувачите го измерија нивото на антитела кај повеќе од 30 000 луѓе во Исланд, за да утврдат колку луѓе во оваа земја биле заразени со вирусот и да дознаат повеќе за имунолошкиот статус по закрепнувањето.
Резултатите покажале дека околу еден процент од испитаниците вклучени во студијата биле заразени со корона вирусот. Во рамките на оваа група, 56 проценти добиле позитивен резултат по PCR тест, 14 проценти биле во карантин по изложеност на вирусот, но без потврда на инфекција, додека кај преостанатите 30 проценти, инфекцијата е потврдена за време на студијата, заснована на присуство на антитела кон коронавирусот.
Кај 91 процент од оние луѓе на кои им е дијагностициран коронавирус со ПЦР, и имало вкупно 1.215, нивото на антитела се зголемило во текот на првите два месеци по дијагнозата, а потоа останало непроменето скоро четири месеци.
Оваа студија опфати хомогена популација од една земја, така што резултатите можеби нема да бидат исти во некои други делови на светот со поразновидно население. Сепак, студијата покажува дека тестовите со антитела можат да покажат вистинска стапка на инфекција. Покрај тоа, тие може да се користат како поевтина алтернатива за тестирањето на коронавирусот
Сепак, авторите на студијата забележаа дека не е јасно дали антителата штитат од повторна инфекција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа