Руски нутриционист предупредува: Јадење иста храна три дена по ред е штетна за здравјето

 

 

Според рускиот нутриционист Рима Мојсенко, консумирањето исто јадење повеќе од два дена по ред, е опасно за здравјето.

– На третиот ден јадење иста храна, особено онаа богата со протеини, имунитетот се урива. Се создава еден имунолошки комплекс, кој го забавува лачењето ензими, вели Мојсенко.

Тој објаснува и дека разновидната храна има корисно влијание врз микробиолошкиот систем, што помага да се зголеми апсорпцијата на сите хранливи материи од храната. Меѓутоа, ако на кој било начин е нарушен соодносот во исхраната, може да се појави дебелеење.

Мојсенко натаму истакнува дека треба да јадеме редовно и – пополека, како и да не пиеме вода со јадењето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега