Шмимнкерката на принцезата Дајана откри трикови за совршен изглед: Руменилото е магично стапче
Мери Гринвел е името на визажистката која беше задолжена за шминката на принцезата Дајана. Поради таквиот ангажман, во професионалните кругови ја викаат и „кралската шминкерка“.
Во разговор за „Харперс базар“, Гринвел открива со кои трикови се служела кога ја шминкала Лејди Ди, а воедно дава и неколку корисни совети за тоа како да го нанесуваме руменилото и кое е најдоброто за нас.
„Принцезата Дајана секогаш ја шминкав со малку руменило. Тоа правеше да има посвеж изглед инстантно. Со сокривањето на подочниците и соодветното руменило, лицето веднаш блеска“, вели шминкерката, додвајќи дека руменилото е вистински спас во многу ситуации.
„Најдобро руменило е она што благо ќе ви го „загрее“ лицето, ќе направи да изгледа како тукушто да сте се вратиле од прошетка по ветер. Ако добро се нанесе, руменилото ќе ви ги истакне јаболчниците на начин што ќе се прашате дали воопшто и сте го нанеле“.
Во контекст на ова, Гринвел споделува и неколку совети:
Како правилно да нанесете руменило:
-Сакам руменилото да е прилично високо на образите поради сончевиот сјај. Ако го ставите малку над јаболчниците, ќе изгледа како да е дел од вашето лице, а не како да имате шминка. Исто така, ако руменилото го ставате на самите јаболчници, визуелно ги намалува.
-Руменилото може да се нанесе на различни начини, но ако не се снаоѓате добро, тогаш не експериментирајте.
-Со руменилото можете да постигнете неверојатно свеж изглед на лицето, без да употребувате маскара, кармин. Ставете руменило малку и кон слепоочниците и ќе добиете фантастичен ефект.
-Комбинацијата од две нијанси руменило често знае да изгледа перфектно. Јас сакам да ги комбинирам розовите праска нијанси со посветла нијанса, како завршеток.
Кремасто или во прав?
-И кремастото и руменилото во прав имаат свои предности. Ако сакате тенот да изгледа посвежо, тогаш кремастото руменило е вистински избор. Од друга страна, руменилото во прав, е одлично за отстранување на вишокот маснотии од лицето, за мат изглед и за шминкање на нозете.
-Најдобро да го одберете руменило во прав, кое е неверојатно фино сомелено така што изгледа како да е кремасто. За нежна кожа, „Pink Blusher“ е најдоброто руменило.
-Бледорозево руменило е најдобрата работа која сум ја видела на светла кожа. Зошто? Во иста нијанса е како и внатрешноста на усните, што значи дека бојата е одлично одбрана.
-Руменилото во розова нијанса со златни тонови можете да го користите и како бронзер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа