Владика Пимен: Свештениците и монасите треба да останат на Фејсбук

Социјалните мрежи не се баук, туку дел од секојдневната култура на живеење. Во каков тренд би се вклучиле доколку целосно ги екскомуницираме, вели за МИА митрополитот европски Пимен.

Како што јавува МИА, Владиката Пимен смета дека одлуката за забрана за свештениците, монасите и владиците на МПЦ да ги користат социјалните мрежи, актуелизирана деновиве по иницијатива на владиката Петар, не е особено продуктивна кога станува збор да се има сенс за духот на современиот миг на живеење.

- Сакаме да имаме подобар контакт со верниците, особено со младите, да ги слушнеме нивните размислувања. Зошто тогаш да се исклучиме од Фејсбук, изјавил владиката Пимен кој вчера присуствуваше на одбележувањето на 40-годишнината од основањето на МПЦО „Св.Кирил и Методиј“ во Гетеборг.

Со света божествена литургија денеска завршија свеченостите по повод одбележувањето на 40-годишниот јубилеј на двете македонски православни црковни општини во Шведска, „Св.Кирил и Методиј“ во Гетеборг и „Св.Наум Охридски“ во Малме.

 

 

27.10.2013 - 10:32
Фото: 
А1Он

најчитано сега