Две бебиња две мали дечиња и млада девојка - монструм си ја убил целата фамилија

Пет лица се убиени со прободување со нож во стан во Бруклин, соопштува њујоршката полиција.

Во ова последно масовно убиство во квартот Бруклин, во Њујорк, настрадаа 2 годишна девојка, две девојчиња од шест и девет години и две момчиња од шест и осум месеци, соопштија локалните медиуми, цитирани од ИТАР-ТАСС.

Тие биле избодени до смрт од маж, кој според првичните информации, е роднина на убиените. 

Три од жртвите починале на лице место, а останатите две биле префрлени во болница, но набрзо им подлегнале на повредите.

Полицијата успеала да го уапси напаѓачот и ги истражува мотивите за нападот.

27.10.2013 - 10:05