Хорор: Глисер усмрти жена на Крф- Британка пронајдена мртва на плажа

Британска државјанка е пронајдена мртова денес на плажа на Крф, откако глисер удрил во неа, изјави неименуван службеник на крајбрежната стража.

Како што изјави тој извор за агенцијата Франс Прес, безживотното тело на британската државјанка е пронајдено на плажата Авлаки, која се наоѓа на северот на островот Крф.

Полицијата отвори истрага за пронаоѓање на глисер чиј пропелер и нанесе смртоносни повреди на жената.

Посмртните останки на жена, чиј идентитет не е откриен, биле пренесени во болница во градот Крф, каде треба да се изврши обдукција

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2020 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега