Не ви требаат таблети - природни начини како да ја спуштите високата телесна температура

 

Доколку имате висока температура, а не сакате да посегнувате веднаш по лекови, обидете се со следново.

Пиење течност на секој час

Најдобро е да не јадете сува храна и да пиете што повеќе течности: чаеви без кофеин, цедени овошни сокови, вода со неколку капки лимон. Топлиот чај е најдобар затоа што поттикнува потење, а тоа е природен механизам за ладење на телото, кој исто така го ослободува организмот од токсини.

Туширање со ладна вода и ладни облоги

За овие методи веројатно веќе знаете, но можеби не ви е познато дека туширањето во ладна вода ја намалува температурата само на кратко време. Истото ваши и за ладните облоги - работат само доколку сте упорни.

Какао

Топлото какао традиционално се користи како средство против висока температура, депресија, болести на бубрезите и црниот дроб.

Чили

Народите од Мексико, Индија, Кина и Тајланд знаат дека лутата храна не е само вкусна, туку и помага во спуштањето на телесната температура. Храната која содржи чили предизвикува потење - природен механизам за ладење на телото.

Индијански напиток

Индијанците прават луто-кисел напиток од каенска пиперка и портокал. Каенската пиперка се става во врела вода, се додава мед и сок од портокал. Овој напиток, освен што ја намалува температурата, поттикнува потење и го снабдува организмот со витамин Ц.

Ѓумбир

Покрај бројните лековити својства, ѓумбирот ја намалува телесната температура. Направете чај од ѓумбир во прав и додадете лимон. Овој напиток помага и кај бактериските инфекции на грлото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2020 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега