Семејна трагедија во скопски Сарај: Го заклал 29 годишниот брат

Семејна трагедија ги потресе жителите на скопски Сарај. 29 годишно момче починало на лице место откако по кратка расправија неговиот 37 годишен брат му нанел неколку убоди со нож. Инцидентот како што дознава Press24 се случил попладнево околу 14 часот во дворот на семејната куќа. По расправијата 37 годишниот Башким 3-4 пати го прободел својот брат Сабедин со нож во пределеот на градите. Со тешки повреди тој бил префрлен во болница но лекарите не успеале да му го спасат животот. 

Информацијата за Press24 ја потврди и полицијата од каде велат дека сторителот е приведен, а увидот се уште трае и по целосното расчистување на случајот ќе следи кривична пријава

26.10.2013 - 17:24