Мед и чуваркуќа, мешавина која го лекува целото тело - направете сами дома

 

Се работи за извонреден универзален лек кој може да се употреби кај различни здравствени проблеми и потешкотии.

Sempervivum tectorum е лековито растение кое кај нас најчесто е познато под името "чувар куќа". Неговото име ја репрезентира неговата способност за одржување во живот дури и при различни услови, но и го репрезентира местото каде најчесто може да се сретне – токму на крововите од куќите.

Чувар куќата и медот ги отстрануваат цистите и миомите, ги лечат желудечните тегоби кои ги предизвикува хеликобактер пилори, го зајакнуваат имунитетот, ги ублажуваат проблемите со штитната жлезда, го олеснуваат варењето, го подобруваат системот за дигестија, го елиминираат затворот и го регулираат проблемот со тврдата столица, ги лечат воспаленијата на слузокожата и помагаат кај многу други болести и тегоби.

Многу луѓе овој народен лек го пробаа и буквално се заколнаа во неговата делотворност, а еве и како се прави:

300 грама сочни листови од чувар куќа се мелат во машина за месо или во блендер, а потоа се мешаат со 500 грама домашен и колку што е возможно поквалитетен мед. Сето ова се става во стаклена тегла, се замотува со фолија и се остава да стои затворено во фрижидер.

Медот и чувар куќата како лек се земаат наутро на празен желудник и тоа по една чајна лажичка, а половина час после тоа ништо не се јаде, ниту пие.

Најголема заслуга на овој природен лек е детоксикацијата и прочистувањето на организмот од натрупаните штетни токсини.

Впрочем, речиси и да не постои подобар и поздрав рецепт за забрзување на метаболизмот од комбинацијата на чувар куќа и мед, а нивното дејство е благотворно и после силните и калорични оброци, обилните гозби, но и разните веселби и прослави кога често знаеме да претераме со јадење и пиење, но и во секоја друга смисла.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега