Убил Албанец и го закопал во двор

 

Грчката полиција упсила триесетгодишен Грк поради убиство на Албанец што го извршил на 18 септември, јави дописникот на МИА од Тирана.

Убиството се случило по меѓусебна распарвија поради купопродажба на автомобил. Жртвата, 31 годишен Албанец, му продал автомобил на Гркот за 2.200 евра.

Албанецот добил 500 евра а останатиот дел требало да му биде исплатен набрзо. На 18 септември, Албанецот отишол да се сретне со Гркот за да си го побара остатокот од парите.

Но наместо пари, добил два куршума во главата. Потоа убиецот го завиткал трупот во ќебе, ископал дупка зад куќата и го фрлил трупот во неа. На купениот автомобил му направил одредени модификации со цел да не го препознае полицијата. Но случката не останала на тоа. Убиецот целиот настан му го раскажал на полицаец, кој не превзел потребни мерки туку го засолнил во сопствениот дом. Полицијата го уаспила и својот колега за вмешаност во случајот

25.10.2013 - 20:08

најчитано сега