Индија го надмина прагот од 2 милиони инфицирани со Ковид-19

 

Бројот на заразени со коронавирусот во Индија денеска премина 2 милиони, пренесува Би-Би-Си.

Вториот милион на заразени се забележани за само 20 дена, побрзо отколку во Соединетите Американски Држави и Бразил каде што бројот е поголем.

Тестирањето значително е зголемено во последните недели, но ситуацијата варира од провинција до провинција.

Земјата се одлчи повторно да се отвори поради ниската стапка на смртност, но новите жаришта го зголемуваат бројот на позитивни, поради што во некои провинции повторно се воведени рестрикции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега