Поповолна состојбата во преработувачката индустрија

Државниот завод за статистика денеска објави дека состојбата во фирмите од преработувачката индустрија во септември во однос на август годинава и истиот период лани е поповолна.

За септември нивната оценка за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на август. Обемот на производството во септември годинава, исто така, е понеповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се на исто ниво како и претходниот месец, додека залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата, а залихите на готови производи се намалени во споредба со август.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во септември годинава имаат недоволната странска побарувачка со 25,5 проценти, недоволната домашна побарувачка со 18,6 проценти, неизвесното економско опкружување со 10,1 процент и финансиските проблеми со 9,5 проценти.

25.10.2013 - 15:07
Фото: 
Новамакедонија

најчитано сега