Голем концерт во Словенија во чест на нашиот ангел Тоше Проески

Вокалното Студио БК во Словенија денеска ќе одржи концерт во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески. На концертот е планирано да настапат голем број на пејачи од Хрватска, Македонија и Словенија.  
Ќе има одличен инструментални ансамбл кој ќе го надополни БК Студио бенд при изведувањето на најубавите песни на Тоше Проески на хрватски, македонски, словенечки и англиски јазик.
 
Вокално Студио БК истакнува дека Тоше Проески беше еден од најдобрите пејачи кој покрај тоа што беше извонреден уметник, беше и голем хуманитарец и амбасадор на УНИЦЕФ, одличен пример за сите млади луѓе поради што заслужува неговото име и порака за мир и љубов секогаш да живеат.
25.10.2013 - 14:26

најчитано сега