Бизнисмени донираа книги во училишната библиотека во Гостивар

Гостиварските училишни библиотеки збогатени со изданието на албански јазик од илустрираната енциклопедија „Фактопедија". Енциклопедиите се донација од десетина компании и за нив се потрошени 5.000 евра.

Книгите на директорите на основните и средни училишта денес им ги подели градоначалникот Невзат Бејта. Заблагодарувајќи им се на бизнисмените овој гест, Невзат Бејта, градоначалникот на општина Гостивар ги повика и во иднина да ги помагаат библиотеките

- Како што го направија за оваа книга, се надевам дека тоа ќе го прават и и за подобрување на условите во јавните училиштата, рече Бејта на свеченоста која се организраше во зградата на општината.

Триесетте енциклопедии од изданието „Фактопедија“ кои ги добија училиштата се на албански јазик. Градоначалникот вели дека за обезбедување книги на македонски и турски јазик ќе контактирал со Министерот за образование.

 

25.10.2013 - 14:05