Чешкиот амбасадор во Македонија додели дипломи на велешките основци наградени на „Лидице 2013“

Чешкиот Амбасадор во Македонија Мирослав Рамеш денеска ја посети Општина Велес и се сретна со градоначалникот, Славчо Чадиев.

Во рамки на својата посета, Ремеш на ученици од Основното Училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Велес, кои учествуваа на меѓународната ликовна изложба „Лидице 2013“ во месец мај и беа наградени, им додели дипломи и медали. Со дипломи се закитија велешките ученици Стефан Александровски и Боби Спирковски.

-Сакав лично да ги доделам 10. дипломи и 2 медали на учениците од Велес кои навистина беа успешни на изложбата на која наградени се и ученици од Куманово, Прилеп, Кочани и Битола, а  каде лично им честитав и на учениците, но и на нивните наставници и родители, истакна Рамеш.

Градоначалникот Славчо Чадиев истакна дека Велес има фонд за талентирани ученици:  - Без разлика за која област станува збор, тие  можат да ни се обратат,  а ние во рамките на нашите можности ќе им помогнеме достојно да учествуваат на натреварите, рече Чадиев

 

25.10.2013 - 14:05

најчитано сега