ЗНМ побара помош од Иџет Мемети за новинарот Кежаровски

Здружението на новинари на Македонија денеска побара од Народниот правобранител Иџет Мемети да помогне за случајот со новинарот на Нова Македонија,Томислав Кежаровски.  

- Денеска побарав од Народниот правобранител лично да го посети Кежаровски и да се увери во информациите што се шират во јавноста дека условите за претсој во затворот се нечовечки, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Мемети посочи дека до сега имаат остварено средба со сопругата на Кежаровски и дека повеќе од десетина пати новинарот е посетуван во затворот. - Институцијата Народен правобранител е загрижена во однос на општите состојби во нашето општество, конкретно по однос на делбите што постојат од секаков аспект па и од новинарската фела, рече Мемети. 

Селмани по средбата нагласи дека темата Кежаровски ќе се одржува жива се додека не се најде разрешница за неговиот случај. 

25.10.2013 - 13:40
Фото: 
Новамакедонија

најчитано сега