Повредени двајца полицајци во Косово

Во Косово вчера биле нападнати и повредени двајца полицајци, откако биле повикани да интервенираат во кафеана во местото Лепосавиќ во северно Косово, јавија српските медиуми.

Нападнатите полицајци биле примени во болницата во Косовска Митровица, каде им е укажана медицинска помош.

Косовската полиција сеуште нема никого уапсено за овој инцидент.

Ова е последен во серијата инциденти во изминативе двадесетина дена во северно Косово, по кои не беа откриени извршителите и никој не беше уапсен.

25.10.2013 - 13:36

најчитано сега