МПЦ го забрани Фејсбук за свештениците монаштвото и синодот

Синодот на македонската православна црква одлучи дека свештениците, монаштвото и синодот не смеат да ја користат социјалната мрежа Фејсбук.

Како што пренесува Нова Македонија, решението во писмена форма било доставено до сите епархии. Во одлуката наведен е и рокот до кога свештенството мора да се исклучи од социјалните мрежи.

Оваа одлука на МПЦ доаѓа откако црковни лица искажувале лични ставови на социјалната мрежа и ги коментирале политичките состојби во државата. Предлогот дојде од Владиката Петар.

Засега не е познато кои би биле мерките кои што ќе се превземат ако некој од свештените лица не ја почитува оваа одлука.

25.10.2013 - 13:16

најчитано сега