Дел од Општина Аеродром денеска без вода
Корисниците лоцирани на улицата „Петар Ацев“ во општина Аеродром денеска од 13:20 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект во шахта на улицата „Петар Ацев“ бр.12 во населбата Аеродром.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.
31.07.2020 - 14:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа