Британскиот принц Чарлс се плаши да стане крал

 

 Според американскиот весник„Тајм“ принцот Чарлс не брза да стане крал, затоа што мисли дека то би било еден вид затвор за него.

Весникот се повикува на изјавата на еден неименуван „многу близок советник на принцот“.

Угледниот неделник, во својот најнов број има специјален прилог за британскиот престолонаследник, чија фотографија се наоѓа на насловната страница.

За правањето на портретот на Чарлс, „Тајм“ контактирал и разговара со 50 пријатели и соработници на принцот.

Принцот ќе ја претставува кралицата Елизабета на самитот на земјите-членки на Комонвелтот, што идниот месец ќе се одржи во Коломбо во Шри Ланка.

Според „Тајм“ со децении Чарлс е престолонаследник и чека да се најде на британскиот престол, па во ова време тој е најмногу посветен на хуманитарната работа, создавајќи неколку фондации и организации.

Весникот проценува дека тој досега не се занимавал со кралските работи, но дека во годините што доаѓаат ќе мора многу повеќе да се посвети на таа работа, поради поодминатите години на неговата мајка, кралицата Елизабета, која сега има 87 години.

Принцот Чарлс не ги прифаќа кралските работи со голема радост, а уште помалку тоа го прави во намера да ја приграби круната, забележува весникот во својот портрет на идниот британски крал.

Кралицата Елизабета минатата година одбележа дијамантски јубилеј - 60 години како е на британскиот престол, што ја прави да биде монарх со најдолг стаж во англиската и британската кралска историја, веднаш по кралицата Викторија.

 

25.10.2013 - 12:40

најчитано сега