САД ги следеле телефонските разговори на 35 светски лидери
Според документите на Едвард Сноуден покажуваат дека САД ги следеле телефонските разговори на 35 светски лидери, пишуваат британските медиуми повикуваќи се на весникот „Гардиан“.
Според објавените материјали, НСА се здобила со телефонските броеви преку службеник на друга американска државна институција.
Од документите станува јасно дека персоналот на Белата куќа, Стејт департментот и Пентагон бил повикан да ги размени податоците за телефоните на странските политичари.
Доверливиот документ од октомври 2006 година покажува дека американски службеник на НСА и дал 200 телефонски броеви, меѓу кои и оние на 35 светски лидери, чии имиња не се посочуваат.
Овие откритија претпоставуваат дека прислушкувањето на светските лидери може да се покаже помасовно отколку што првично се сметаше. Тие доаѓаат во момент кога Германија бара одговори од САД во врска со тврдењата дека телефонот на канцеларката Ангела Меркел бил прислушкуван. Ова прашање е на пат да го засени самитот на Европскиот совет во Брисел, забележуваат британските медиуми.