Меркел одбила да разговара на некои теми со Самарас

Грчкиот премиер Самарас и Ангела Меркел оствариле мала кратка  средба на маргините на самитото на Европската унија, на која германскиот канцелар одбила да разговара на некои теми.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, весникот „Катимерини“ дознава дека средбата меѓу Меркел и Самарас траела помалку од 15 минути и  германската канцеларка рекла дека таа не е во позиција да коментира било што за тоа дали Грција следната година ќе мора да усвои нови мерки на штедење.

- Не-грчки извори велат дека Меркел го информирала Самарас оти за ова прашање тој ќе мора да разговара со тројката кредитори на Грција, наместо со неа, пишува весникот.

Според „Катимерини“, расположението на средбата Меркел - Самарас било сосема поинакво од разговорите на канцеларката со кипарскиот претседател Никос Анастасијадес. Упатени извори тврдат дека Меркел му честитала на Анастасијадес за спроведување на програмата за  прилагодување на Кипар и сугерирала дека Никозија би можела да добие „дополнителна помош“.

 

25.10.2013 - 11:47