ФОТО: Последни фотографии од семејството од Србија во чиј автомобил удри воз - децата гледале како им загинале родителите

Во страшна сообраќајна несреќа, на пруга во местото Змињак кај Шабац, загинаа 46-годишниот Небојша М. и 39-годишната Жељка М. од селото Лачарак, додека нивните две деца се повредени и префрлени на Ургентниот центар.

До несреќа дошло вчера во 11 часот, кога товарен воз се движел и налетал на автомобилот на семејството кое се враќало од одмор од блиската Бања Ковилјача.

Непосредно пред сообраќајната несреќа Жељка на Фејсбук објавила фотографии од одморот, на кои сите се среќни.

Очевидци велат дека машиновозачот упорно свирел, но не успеал да закочи, па возот удрил во автомобилот и го туркал 40 метри, се додека не излетал на пруга со висока трева. Иако возот бил празен, успеал да запре 120 метри подалеку.

Очевидците велат дека децата цело време биле свесни, а дека на помош истрчале луѓе кои слушнале врескање.

Сведоците затекнале морничава глетка, обезглавено тело на жена лежело на требва, додека мажот кој бил жив зад воланот за кратко време починал. Нивните две деца свесни лежеле повредени на задните седишта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.07.2020 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега