Втор ден од Конференцијата за Е-влада

 

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска ќе го отвори вториот ден од Конференцијата за Е-влада која започна вчера.

Целта на конференцијата која ја организираат Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии-МАСИТ во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, француската Амбасада во Македонија, Агенцијата за меѓународна техничка соработка на француските министерства и Француската агенција за промоција на извозот, е презентација на  достигнувањата на македонската Влада во развојот на „Е–влада“ и идните планови.

 

25.10.2013 - 10:20
Фото: 
Утрински

најчитано сега