Пендаровски – Лајчак: Придонесот на ЕУ е повеќе од потребен за зајакнување на регионалната стабилност
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари видео разговор со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан.
Двајцата соговорници разменија мислења и информации поврзани со најновиот развој на настани во регионот, значењето на регионалната соработка и процесот на проширување на Европската Унија.
Претседателот Пендаровски го информираше високиот претставник Лајчак за актуелните состојби во земјава и спроведувањето на изборниот процес.
Во светло на возобновувањето на дијалогот меѓу Србија и Косово, претседателот Пендаровски го истакна ставот дека придонесот на Европската Унија е повеќе од потребен со цел изнаоѓање прифатливо решение, кое ќе ја зајакне регионалната стабилност и во таа насока го поздрави значењето на мисијата што ја има специјалниот претставник Лајчак.
Соговорниците договорија редовна комуникација и размена на информации од заемен интерес во претстојниот период.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа