Трикови за ослободување од мамурлак и главоболка
Сите барем еднаш во животот сме доживеале мамурлак и сигурно сме правеле многу грешки во обид да се ослободиме од него. Главната последица од мамурлакот се вртоглавицата, жед, бледило, слабост во мускулите.
За да се ослободиме од мамурлакот обидете се примените некои од овие совети:
Пијте доволно течности
Утрото по алкохол ќе биде облежано со жед, суви уста и грло. Во овие моменто потребно е да пиете многу течности. Внесот на вода во организмот ќе ѝ помогне на регенерацијата и повторната хидрација, поправајќи го тоа што алкохолот го расипал. Штом се разбудите напијте се барем две чаши вода. Добар напиток се и слатките сокови.
Домат и сок од домат
На организмот одлично му делува и сок од домат или свеж домат. Хранливите состојки кои се наоѓаат во доматот ќе го забрзаат метаболизмот и ќе го забрзаат извлекувањето на алкохолот од организмот.
На телото му се потребни витамини
Освен доматот, одличен избор би бил кое било овошје или зеленчук. Особено внимавајте на адекватен внес на витамините од групата Б – Б1, Б2 и Б6. Тие најчесто ќе ги пронајдете во житарки, млеко, јајца, месо, банана, јаткасти плодови.
Избегнувајте лежење.
Иако ви се чини дека најдобра опција е да го одлежите мамурниот ден тоа само ќе ви одмогне. Со лесни чекори и вдишување свеж воздух ќе му помогнете на вашиот организам побрзо да закрепне. Не претерувајте бидјеќи телото и натаму е многу уморно и исцрпено.
Две шољи кафе се премногу
Многумина во мамурните утра веднаш посегнуваат по кафе, што не е лошо, но не заборавајте дека кафето го дехидрира организмот. Една шоља кафе за време на мамурниот ден е сосема доволна.
Таблети не се најдобра опција.
Ако со мамурлакот чувствувате главоболка, не внесувајте аспирин или парацетамол. Во тие моменти желудникот ви е надразнет, а ова само дополнително ќе ја влоши состојбата. При користење парацетамол додека имате алкохол во крвта може да се зголеми токсичното делување на алкохолот, наместо да го намали.
Мамурлакот обично поминува во рок од еден ден. Ако и потоа се чувстувате лошо обратете се кај вашиот лекар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа