Министерство за здравство: Денеска се регистрирани 163 нови случаи на коронавирус во земјава - нема починати пациенти

 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-21, Дебар-2, Штип-33, Тетово-4, Струга-7, Велес-2, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-17, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-1.
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент од: Скопје-41, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Пробиштип-1.
Нема починати пациенти. 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9412,  бројката на оздравени пациенти е 4940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4040. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 4350, активни 1892
•       Куманово 933, активни 247
•       Дебар 175, активни 112
•       Штип 640, активни 324
•       Прилеп 311, активни 54
•       Тетово 955, активни 302
•       Струга 377, активни 195
•       Велес 208, активни 29
•       Битола 94, активни 49
•       Охрид 245, активни 130
•       Кавадарци 33, активни 19
•       Гостивар 315, активни 207
•       Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
•       Струмица 33, активни 24
•       Крива Паланка 22, активни 8
•       Радовиш 23, активни 19
•       Крушево 14, активни 9
•       Кочани 91, активни 23
•       Пробиштип 45, активни 28
•       Демир Хисар 18, активни 16
•       Македонски Брод 10, активни 6
•       Пехчево 6, активни 0
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6, активни 0
•       Виница 5, активни 2
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 12, активни 7
•       Свети Николе 203, активни 188
•       Кичево 101, активни 82
•       Ресен 141, активни 57
•       Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1636 теста се преку: ИЈЗ-729, ЦЈЗ Скопје-10, Авицена-128, Биотек-163, МАНУ -176, Жан Митрев (Филип Втори)-215, Систина со PCR метода -158, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-25, Инфективна клиника-4, ГАК-18. Досега во земјата се направени вкупно 88179 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 86 пациент. На кислородна поддршка се 34 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. 
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 132 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 285
•       Аеродром - 193
•       Бутел - 136
•       Гази Баба - 208
•       Центар – 162
•       Карпош – 176
•       Сарај – 116
•       Кисела Вода – 150
•       Ѓорче Петров – 120
•       Студеничани – 109
•       Шуто Оризари – 105
•       Арачиново – 34
•       Илинден – 24
•       Петровец – 21
•       Чучер Сандево – 12
•       Сопиште – 20
•       Зелениково- 12
•       Странец – 7
•       Нераспределен- 2“, информира Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега