Фотоволтаични системи за бизнисите – сега подостапни преку услугата на ЕВН и кредитите на ПроКредит Банка
ЕВН и ПроКредит Банка започнуваат нова соработка преку која енергијата на сонцето станува подостапна за сите бизниси во државата. Отсега, тие ќе може да ги користат кредитите на ПроКредит Банка за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН. Така, корисниците ги надминуваат двата најголеми предизвици – потребата од професионална и квалитетна услуга како и извор на финансирање за проектот.
Позитивните ефекти од инсталација на фотоволтаични системи се повеќекратни и затоа одлуката за ваква инвестција е голем чекор за секоја компанија. Трошоците за електрична енергија може да се намалат и над 30%, вишокот произведена енергија може да се пласира на пазарот, а поврат на вкупната инвестиција може да се очекува за 6-8 години. Покрај финансиското олеснување на долг рок, компаниите придонесуваат и за намалување на емисиите на CO2 во воздухот и ја покренуваат свеста за одржливи проекти во земјата.
„Компаниите во ЕВН го имаат вистинскиот партнер за инсталација на фотоволтаични системи. ЕВН има долго локално и интернационално искуство во областа на обновливата енергија и енергетската ефикасност. Следејќи ги потребите на пазарот и технолошкиот развој, нашето знаење го преточивме во поволна понуда за бизнис корисниците. Услугата подразбира креирање на персонализирано решение по принципот „клуч на рака“, преку анализа на специфичната потрошувачка, анализата на самиот објект, набавка и инсталирање на фотоволтаичните системи со сета пропратна документицја, и секако најважното – откуп на вишокот произведена енергија. Целта е поголемо искористување на енергијата за сопствени потреби и со тоа постигнување на најголеми заштеди за бизнисите.“ – изјави Илија Ќироски, Раководител на групата за дополнителни услуги во ЕВН Снабдување.
Преку партнерството на ЕВН и ПроКредит Банка, корисниците ќе можат да ја заокружат и финансиската конструкција за фотоволтаичните системи на ЕВН преку понудата на ПроКедит Банка. Кредитната линија е наменета за сите правни лица и истата е со стимулативната каматна стапка од 3% и 0% провизија при исплата на кредитот.
„ПроКредит Банка е чекор пред другите и тоа мото не движи кон нови предизвици. Како дел од меѓународна групација на банки кои се стремат кон намалување на негативното влијание кон животната средина, ПроКредит Банка активно ја поддржува идејата за зголемување на енергетската ефикасност и само-одржливост на компаниите. Следејќи го своето сопствено искуство и позитивните ефекти од фотоцентрала за сопствени потреби, ги советуваме компаниите за ваков храбар чекор и инвестиција која ќе вроди долгогодишни резултати. Досега, банките во нашата групација имаат финансирано преку 80 MW за ваков тип на проекти кои придонесуваат за преку 68,000 тони намалување на CO2 во воздухот.“ – изјави Методија Миноски, Раководител на Одделот за управување со животна средина во ПроКредит Банка.
Енергијата од сонцето е чиста и исплатлива за бизнисите во Македонија. Нашата земја има повеќе од 280 сончеви денови годишно и производство на еден фотоволтаик може да достигне до 1500 kWh годишно што е далеку над европскиот просек. Сите заинтересирани компании за услугата на ЕВН може да се информираат подателно за понудата кај нивниот менаџер за бизнис корисници, во Инфо центарот во ГТЦ, или на gosolar@evn.mk. За кредитната линија на ПроКредит Банка компаниите може да се обратат на mkd.info@procredit-group.com или да закажат состанок со одговорниот тим за кредитирање еко проекти преку 02/ 2 446 000.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа