Кекеновски ќе поднесе кривична против Дерковски и ДИК
Професорот Јове Кекеновски денеска во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против Државната изборна комисија и нејзините членови, пренесува 24инфо.
-Како носител на листа во ИЕ бр 2 од Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” во име на Коалицијата и во мое лично име, денеска во 10,45 часот ке поднесам кривична пријава против Претседателот и членовите на ДИК за повреда на член 178 од Изборниот законик, а во врска со сторени кривични дела според одредбите од Кривичниот законик, изјави Кекеновски.
20.07.2020 - 08:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа