Пауновски: Граѓаните немаат свест, од денес веднаш ќе ги затвораме сите објекти каде ќе бидат утврдени неправилности
Струмичкиот ноќен клуб „Аватар“ не смеел воопшто да работи бидејќи е регистриран како ноќен клуб, а не кафуле. Поради пандемијата на ковид-19 сѐ уште нема дозвола за работа на ноќните клубови, туку само за кафулиња и ресторани, пишува СДК.мк.
„Овој локал е регистриран како ноќен клуб, а дозвола за работа на ноќни клубови поради ковид-19 нема. Затоа тие не смееле воопшто да работат. Не можат да работат како кафуле бидејќи немаат таква дозвола. Исто така, соодветна санкција за сопственикот на клубот ќе има и поради тоа што не се почитувале мерките односно присустните не носеле маски, а имало околу 600 гости“, вели директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.
Пауновски вели дека отсега дирекно ќе ги затвараат локалите кои работат без дозвола, бидејќи не можат да излезат на крај со газдите.
„Граѓаните немаат свест. Нашите инспектори постојано се под притисоци и закани. Во Струмица праќаме инспектори од Скопје, оти на тамошните им се закануваат газдите на клубовите. Така е и во другите градови. Ние не можеме да ги казнуваме граѓаните кои не носат маски, тоа треба да го прави полицијата, а таа пак не доаѓа секогаш со нас на интервенции. Затоа, од денес веднаш ќе ги затвораме сите објекти каде ќе бидат констатирани неправилности“, додава Пауновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа