Заради позитивен тест на Ковид-19 на еден вработен во Општина Радовиш денеска нема да работи
Заради позитивен тест на Ковид-19 на еден вработен во Општина Радовиш денеска нема да работи, информира градоначалникот Герасим Конзулов.
-Во текот на денешниот ден ќе извршиме дезинфекција на сите простории во општинската зграда, но и за време на викендот ќе ја следиме состојбата. В понеделник ќе видиме каква е состојбата и ќе информираме дополнително за понатамошното работење, рече градоначалникот Конзулов.
Во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 10 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.
17.07.2020 - 11:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа