Очекувајте заладување - временска прогноза за викендов
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне главно во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 32 степена.
Под влијание на продор на атмосферски фронт, во сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град. Температурата, особено на северот, осетно ќе се намали.
Услови за локална нестабилност со послаб интензитет ќе има и во недела попладне, а од понеделник следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа