Левица излегува на протест пред ДИК
Левица, партијата која освои двајца пратеници во македонското Собрание излегува на протест пред Државната изборна комисија.
-Бараме одговорност од набљудувачите за време на изборниот процес, како и големите партии кои дозволија криминал врз Левица – ппартија која со над 40.000 гласови треба да добие уште најмалку тројца пратеници, се вели во објавата на Фејсбук.
Сепак од Левица велат дека тие не се креатори на настанот и оти воопшто не е планиран протест пред ДИК.
-Сакаме да ве известиме дека овој настан не е креиран од страна на нашата партија, ова е настан креиран од лажен профил. Го повикуваме нашето членство да го пријави/репортира истиот и истовремено ве известуваме дека, партијата во текот на утрешниот ден, ќе поднесе приговори до ДИК, поради извршените неправилности и украдените гласови за Левица, се вели во објавата на официјалната Фејсбук страна на Левица.
Претходно денеска претседателот на Левица, Димитар Апасиев на прес-конференција обвини за грабеж на изборите. Според него, на Левица и се „украдени“ 10.000 гласови. Рече дека промена на изборниот модел ќе биде првиот Закон кој тој ќе го поднесе во Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа