Како да ја пронајдете изгубената мотивација за слабеење?

 

Недоследноста во промените на животниот стил води кон неуспех, а поради тоа најчесто стои недостатокот на волја. Иако многумина мислат дека мотивацијата доаѓа сама од себе, вистината е сосема различна.

Експертот за слабеење Лиз Јосефсберг вели дека тоа е вештина која мора да се негува.

-Мотивацијата најчесто не е под ваша контрола и не може цело време да биде на високо ниво. Животот има скалила, а истот важи и за мотивацијата. Кога ќе ја достигнете најниската точка, човекот делува изгубено. Сепак, постои начин како тоа да го промените, вели Јосефсберг.

Според него, прво треба да прифатите дека вашата мотивација не е на завидно ниво. Многумина не се во состојба да го воочат тоа па се обидуваат кризата да ја поминат говорејќи си себеси дека не се случува ништо важно.

-Луѓето не сакаат да признаат дека им е досадно или оти доживеале промена. Тоа е како кога сте на пат од вашиот дом кон продавница и одеднаш се појавува градилиште кое ќе ве натера да одите од друга страна. Во некој момент ќе загубите желба да одите да пазарувате, објаснува Јосефсберг.

Затоа тој предложува да истражите нови можности. Ако вашиот план на исхрана не дава резултати, променете го и прилагодите го вашите потреби. Кога ќе откриете кој режим ви одговара продолжите со него.

-Ако одредена диета и помага на вашата пријателка, пробајте барем два рецепти. Запрашајте се кој аспект од овој начин на исхрана би му помогнало на вашето тело да се ослободи од вишокот масти, вели Јосефсберг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега