Жива истурена пред канцеларијата на првиот човек на УЈП Тетово?

Непозната течност, најверојатно жива, била истурена пред канцеларијата на директорот на УЈП Тетово, пишува Курир.

Според информациите на порталот, вработена во УЈП, утринава околу 8:30 часот пристигнала на работа и пред вратата на директорот забележала истурена течност која наликувала на жива. Вработената веднаш повикала полиција и местото било обезбедено и фотодокументирано. 

За инцидентот биле известени и противпожарните служби и Дирекцијата за заштита и спасување.

Примероци од непознатата течност веќе се предадени на вештачење. Полицијата работи на откривање на причините за инцидентот, како и на пронаоѓање на сторителот.

 

24.10.2013 - 14:39

најчитано сега