"Дали ме прислушуваш?" - Меркел побара одговори од Обама
Американските власти со години го прислушкувале телефонот на германскиот канцелар Ангела Меркел. Како што пренесува Del Spiegel, НСА е вмешана во скандали за прислушување на онлајн сервисите и интернационалните организации.
Изреволтирана од овие информации, германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор побарала од претседателот на САД, Барак Обама, објаснување за шпионажата.Германската канцеларка побарала од Обама информации за тоа до каде одело прислушувањето, и со остар глас му наредила да престане со таа пракса која ако се покаже дека е вистинита, дефинитивно ќе ја наруши довербата меѓу државите.
24.10.2013 - 13:25