Хорор: Силувале малолетничка па ја запалиле жива

Уште една хорор приказна доаѓа од Индија. Едно индиско девојче, за кое се верува дека имало 13 години, почина откако било силувано од тројца мажи, а потоа живо запалено, пренесува весникот „Тајмс оф Индија“ .

Девојчето се враќало кон својот дом кога било нападнато од тројца селани, кои ја грабнале и силувале. Постарата сестра успеала да побегне и побарала помош од селаните и роднините во селотоа, каде биле на посета, но кога лугето дошле на местото на нападот ја забележале страшната сцена на изгореното тело на девојчето.

Силувањето на малолетнички, деца и млади жени станува се почеста појава во Индија, предизвикувајќи гневна реакција и демонстрации во Њу Делхи на жените и либералните организации. 

24.10.2013 - 12:09
Фото: 
Денешен

најчитано сега