Кривични пријави за тепачите од Хемиско и ПТТ
Малолетниците Ј.Е., Р.Р., Б.С., М.Л., Д.Р., А.С., Х.М., Е.Х. и Ф.Р., си заработија кривични пријави, откако попладнето на 9. октомври годинава на улицата „Трета Македонска Бригада“ на автобуската постојка помеѓу средните училишта „Марија Кири Склодовска“ и „Владо Тасевски“ фрлале камења и дрва едни кон други.
Освен што предизвикале страв и вознемиреност кај своите соученици, збеснатите малолетници им нанеле повреди на В.К.(16) и Р.Џ.(17), кои завршиле во скопскиот Ургентен центар.
24.10.2013 - 12:15