Се зголеми минималецот: Од месецов повисока плата
Минималната плата од јули месец изнесува 14.934 денари во нето износ. Од месецов има раст на минималната плата, а според пресметките во бруто износ таа изнесува 21.776 денари.
Министерството за труд и социјална политика ја објави одлуката во Службен весник. Досега минималната плата изнесуваше 14.507 денари, откако минатата година беше зголемена за 2.000 денари. Зголемувањето на минималната плата тогаш беше соопштено дека ќе важи не само за приватниот, туку и за јавниот сектор.
05.07.2020 - 10:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа