Ламбе Алабакоски ја напушти „М2“

Продукцијата М2 веќе нема да се грижи за кариерата на Ламбе Алабакоски “. Познатиот пејач одлучил следните три години да соработува со конкурентата продукција „План Б“.

- Потпишавме ексклузивен договор со Ламбе на три години. Тој е квалитетен и докажан вокал, а ние ги поддржуваме таквите пејачи. Во наредниот период, за многу брзо време ќе излезе неговиот нов сингл заедно со видеоспот, потоа следува настап на „Скопски фестивал“ и, секако, подготовка на новиот албум, вели првиот човек на „План Б“, Кристијан Стефановски, за „Утрински“.

Ламбе подолго време престојуваше во САД и направи пауза од пеењето, но сега се врати дома и конечно ќе се врати активно на музиката.

24.10.2013 - 11:16
Фото: 
ereporter.com.mk

најчитано сега