И тоа измислија: Во продажба тоалетна хартија од 22-каратно злато (ФОТО)

Фабриката Toilet Paper Man започна да произведува тоалетна хартија од 22-каратно злато која се продава по цена од 969.000 евра, а секоја нарачана ролна се доставува лично до секој корисник, а со неа како подарок се носи и шише шампањско.

- „ Имаме најскапa WC хартија во светот, и ни требаа четири години за една ролна. Во Дубаи некои хотели имаат златна WC школка и држачи за хартија, а ние одлучивме да направиме тоалетна хартија“, истакнуваат од австралиската фабрика за производство на хартија.

 Како што веќе можете да претпоставите, за оваа хартија се одлучиле многу славни личности, меѓу кои и Ким Кардашијан и Кање Вест.

24.10.2013 - 11:10

најчитано сега