Бачев: Граѓаните да одолеат на сите поткупи и уцени зошто моќта за промена е во нивни раце

 

Со голема загриженост слушаме за масовен поткуп на гласачи во пресрет на изборите на 15 јули, а со уште поголема загриженост ги примаме и најавите за неизлегување на изборите на еден дел на народот поради здравствената криза, изјави Јанко Бачев, лидерот на Единствена Македонија, парија која е дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“.

„Природно и уставно право на народот е да управува со државата преку избори и да ја насочува нејзината иднина, но неизлегувањето на изборите оди во прилог на власта. Тие што сега владеат, тоа и го сакаат, мала излезност“, рече Бачев.

Тој ги повика граѓаните да одлеат на сите заплашувања, поткупи и уцени во пресрет на изборите бидејќи, како што рече, деновите на оваа власт се одбројани.

„Ако се обидат да ве поткупат со пари или со продукти, не ги одбивајте, земете се што ќе ви дадат, тоа е од вашите пари кои со години ви ги крадеа. Ако се обидат со вработување да ве придобијат, не ги одбивајте вработете се, но знајте дека тоа е ваше уставно и законско право кое ви припаѓа вам. Тоа не го прават заради вас, туку пред се заради себе, за да можат и понатаму да владеат, да ја пљачкаат и да ја рушат Македонија“, порача Бачев и додаде дека најважно од се е граѓаните да го соочуваат духот и човечкото достоинство кога ќе застанат пред гласачкото ливче.

„Ве повикувам, почитувани избирачи, масовно да излезете на изборите на 15 јули. Ние ќе се бориме од вас и вашата волја зависи дали ќе успееме. Единствена Македонија и коалицијата ‘Никогаш северна, само Македонија’ ја бара првата шанса на изборите, а тоа може да биде и последната шанса за Македонија“, порача партискиот лидер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега