Дејан Лилиќ ќе стане татко

Популарниот актер и директор на МНТ, Дејан Лилиќ наскоро, за прв пат ќе стане татко, пишува весникот Вечер.

Според неофицијалните информации до кои стигнал весникот „Вечер“, девојката на Лилиќ, Љубица е во третиот месец во бременоста, бебето треба да дојде на свет напролет. Блиските пријатели на парот за Вечер изјавиле дека 38 годишниот актер бил многу среќен поради приновата.

Дејан, пред неколку месеци ја побара за жена својата девојка Љубица. Тие се заедно веќе три и пол години.

Им посакуваме среќа на идните родители!

 

24.10.2013 - 09:36
Фото: 
ХитПортал

најчитано сега